Утрински Весник
Македонија

Од утре попладне нов влажен бран во земјата

Продолжува нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Утре ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец и од попладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, на планините за снег. Под влијание на влажен бран во недела кон крајот на денот на запад ќе има повремен дожд, на планините снег.

Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони ќе бидат пообилни и појава на снег ќе има понекаде и на повисоките места. Во понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65
км/час), а дневните температури во понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хаџи Василева порача дека обвинителите мора да бидат заштитени од надворешни влијанија

Македонија дел од голема меѓународна акција: Разбиена мрежа за интернет измами, седуммина уапсени

Над 5.000 корисници на социјална помош имаат сметки во Алта банка