Утрински Весник
Македонија

Пендаровски со поддршка до уставните судии да останат независни во носењето на одлуките

Пендаровски со поддршка до уставните судии да останат независни во носењето на одлуките

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателот, судиите и генералниот секретар на Уставниот суд.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, на средбата претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати информирал за кадровската екипираност на судот со стручни соработници, за тековните предизвици со кои се соочуваат, како и за постапките за заштита на слободите и правата на граѓаните.

Исто така, на средбата судиите ги споделиле нивните размислувања и за најавениот Закон за вонредна состојба.

Пендаровски изразил поддршка за независноста во работата на Уставниот суд и целосна подготвеност за соработка со нив.

Соговорниците споделиле информации и околу предлогот за воведување на т.н. уставна жалба и проширувањето на надлежноста на Уставниот суд во заштитата на човековите права и слободи преку амандмани на Уставот, како и за евентуално носење на Закон за Уставен Суд.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хаџи Василева порача дека обвинителите мора да бидат заштитени од надворешни влијанија

Македонија дел од голема меѓународна акција: Разбиена мрежа за интернет измами, седуммина уапсени

Над 5.000 корисници на социјална помош имаат сметки во Алта банка