Утрински Весник
Македонија

(Видео)Милошоски: Која е фантом фирмата поради која Кина одбила соработка со владата за дистрибуција на вакцини

(Видео)Милошоски: Која е фантом фирмата поради која Кина одбила соработка со владата за дистрибуција на вакцини

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски зборувајќи за како што рече здравствен скандал кој се случил уште во месец декември минатата година запраша зошто Македонија е меѓу последните земји во светот по набавка на вакцини.

„ Денес за жал дознаваме дека трката по провизии била побитна од набавката на вакцини. Она што се обиделе во текот 2020-та година декември да го направат Заев и Филипче со вакцините наместо да следат регуларна процедура за набавка на вакцини преку државните канали, е да ангажираат фантом фирма со регистрирана своја компанија во Хонг Конг. Затоа нашето главно прашање е кое е името на фантом фирмата која што е регистрирана во Хонг Конг и како министерството за здравство ја одбрало токму оваа компанија за да посредува при набавката на кинески вакцини“, истакна Милошоски.

Тој ги посочи написите во весникот „Ла верита“ во кој како што рече, било објавено дека првиот пат Кина одбила соработка со министерството за здравство и македонската влада поради фактот што министерот за здравство побарал таа набавка да биде преку сомнителна компанија.

„Денес премиерот Заев истакна дека таа приватна компанија била „Пауер Чајна“ односно „Синохидро“. Но според она што може да се види во регистарот на овие компании е дека ниту „Синохидро“, ниту „Пауер Чајна“ не се регистрирани во Хонг Конг. Ниту, пак истите важат за фантом фирми“, рече Милошоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Утре Ден на жалост на територијата на Општина Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома