Утрински Весник
Спорт

Шпанците инсистираат дека ќе играат фудбал против „територијата на Косово“

Шпанците инсистираат дека ќе играат фудбал против „територијата на Косово“

Шпанската кралска фудбалска федерација (РФЕФ) направи проблеми околу организацијата на мечот од квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022, откако го именуваше Косово како „територија на Косово“, поради тоа што ја немаат признаено независноста на најмладата европска нација.

Шпанското министерство за надворешни работи советува гостите да бидат нарекувани „територија на Косово“ и препорачува знамето на Косово да не се прикажува покрај тоа на Шпанија, додека химната ќе биде нарекувана „песната која ја претставува територијата Косово“. Мечот треба да се одигра во Севилја на 31 март.

Во Косово се бесни на оваа одлука на Шпанците.

„Обидот на Шпанија да ја минимизира државноста на Косово во квалификацискиот меч за СП, именувајќи го Косово како територија е залуден и нефер. Тие се свесни дека тој ден ќе играат со националниот тим на Косово, кој ќе биде претставуван како било која држава“, велат од Косовската фудбалска федерација.

> Шпанците инсистираат дека ќе играат фудбал против „територијата на Косово“ <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ