Утрински Весник
Свет

Кралицата Елизабета растажена поради искуствата кои ги споделија Хари и Меган

Кралицата Елизабета растажена поради искуствата кои ги споделија Хари и Меган

Британското кралско семејство денеска соопшти дека се растажиле кога дознале за искуствата на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, наведувајќи дека ќе ги разгледаат прашања поврзани со расата, за кои парот зборуваше во интервју со американската водителка Опра Винфри.

„Целото семејство беше тажно кога во потполност дозна колку им било тешко на Хари и Меган во последните неколку години“, објави Бакингемската палата во име на кралицата, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Прашањата покренати по интервјуто, особено оние за бојата на кожата, се загрижувачки, се вели во соопштението, додавајќи дека иако сеќавањата за некои настани може да се разликуваат, тие тврдења ќе се сфатат многу сериозно и семејството ќе ги разгледува приватно.

„Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на семејството“, стои во соопштението на Бакингемската палата.

Во интервјуто со Опра Винфри на американската ТВ-мрежа Си-би-ес, емитувано синоќа, војвотката од Сасекс рече дека некои членови на кралското семејство прашале колку ќе биде темна кожата на нејзиниот син Арчи, со оглед на нејзиното мешано расно потекло.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен