Утрински Весник
Култура

Книжевната награда „Златен прстен“ за Новица Ѓуриќ од Црна Гора

Книжевната награда „Златен прстен“ за Новица Ѓуриќ од Црна Гора

Годинашен добитник на традиционалната Меѓународна награда за книжевен опус „Златен прстен” е писателот Новица Ѓуриќ од Црна Гора.  Тој е поет, писател и новинар. Роден е во 1956 година во Дријенка кај Колашин. Претседател е на Здружението на писателите на Црна Гора, а бил и претседател на Здружението на новинарите на Црна Гора.

Неговото творештво е преведено на италијански, руски, германски, англиски, бугарски, шведски и македонски јазик. Покрај поезија и проза, Ѓуриќ пишува и есеи и критки. Застапен е во 13 антологии и добитник е на 12 книжевни награди и 7 награди за новинарство. Живее и создава во Подгорица, каде работи како новинар на весникот Политика. Објавил 25 книги со поезија, проза, есеистика и публицистика. Наскоро, Издавачката куќа “Феникс” од Скопје, по повод наградата Златен прстен, ќе објави негова нова книга на македонски јазик.

КНИЖЕВНАТА НАГРАДА „ЗЛАТЕН ПРСТЕН” ЗА НОВИЦА ЃУРИЌ ОД ЦРНА ГОРА

Наградата “Златен прстен” ја доделуваат Издавачката куќа “Феникс” и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација “Македонија презент” од Скопје. Досегашни добитници на наградата “Златен прстен” се: Милан Ѓурчинов, Ферид Мухиќ, Светлана Христова Јоциќ, Јордан Плевнеш, Васил Тоциновски, Петре Бакевски, Веле Смилевски, Тодор Чаловски, Раде Силјан (Македонија), Фиона Самсон (Англија), Петар Опачиќ, Борислав Павловски (Хрватска), Бања Нацуиши (Јапонија), Владислав Бајац, Момо Капор, Радомир Андриќ, Ева Рас, Душица Илин, Ристо Василевски, Виктор Б. Шеќеровски, Милан Орлиќ, Радован Влаховиќ (Србија), Сергеј и Тетјана Ѕуба (Украина), Аднан Озер (Турција), Радомир Уљаревиќ (Црна Гора), Јованка Стојчиновиќ Николиќ (Босна и Херцеговина) и Мирослав Демак (Словачка).

Текстот Книжевната награда „Златен прстен“ за Новица Ѓуриќ од Црна Гора е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“