Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, официјално стана рекордер по бројот на недели (311) поминати на првото место на АТП-листата. Вечерва, по овој повод, во негова чест се одржа дочек во Белград, а шампионот го прослави историскиот момент со своите сограѓани.
Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, исто така, јавно му се заблагодари на Ѓоковиќ за постигнатиот успех.
„Вечерва Белград го слави триумфот на Ноле! Од денес Белграѓанецот Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња. Ти благодарам за радоста што му ја донесе на нашиот народ“, напиша Весиќ.
Вечерас Београд слави тријумф Нолета! Од данас Београђанин Новак Ђоковић најбољи је тенисер свих времена.
Хвала Ноле за радост коју си пружио нашем народу!
Posted by Горан Весић on Monday, March 8, 2021
„Ви благодарам што дојдовте, не очекував толку многу луѓе. Ви благодарам за сите овие години што сте со мене. Ова е успех на целата нација, не само на мој и на моето семејство. Тоа го сфатив пред десет години кога успеав да го остварам детскиот сон за освојување на Вимблдон. Она што најмногу ме трогна беше она што го доживеав во Белград по Вимблдон, кога првпат станав број еден во светот. Се вратив тука и Србија подготви нешто што ќе го паметам цел живот. Вечно сум ви благодарен за тоа, и поради тоа чувствувам голема чест, привилегија и задоволство и одговорност да ве претставувам сите на најдобар можен начин насекаде во светот. Знам дека ви ги ‘кинам’ нервите, понекогаш си ги ‘кинам’ и на себе “, рече Новак пред насобраните.
> (Видео) Голема прослава за Ѓоковиќ во Белград – „Ова е успех на целата нација“ <