Утрински Весник
Македонија

Нов зелен сквер во Аеродром

Нов зелен сквер во Аеродром
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Град Скопје целосно ја преуреди зелената запуштена површина од 2.000 метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров, во Општина Аеродром.

Во скверот има дрвени елементи наменети за децата кои ќе го користат овој простор да можат да ги развиваат своите моторички способности. Исто така, има и патеки кои се наменети за родители со колички за деца и лица со посебни потреби.

На скверот се поставени 14 шаховски табли, стилизирана урбана опрема составена од клупи, корпи за џебен отпад и други придружни елементи, а целиот простор е со лед осветлување.

Локацијата за уредување е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП која започна во 2018 година. Во самиот процес беа вклучени различни возрасни групи на граѓани преку користење квалитативни и квантитативни методи за утврдување на потребите на граѓаните кои живеат на во овој дел од населбата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Внимание возачи: Патиштата се лизгави поради ледени врнежи

Во краток рок три незгоди на Тетово–Гостивар, сообраќајот забавен

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете