Утрински Весник
Македонија

До крајот на месецов треба да започне чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС

Короната го заглави тендерот за чистење на токсичниот линдан од ОХИС

Најдоцна до крајот на месецов ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во дворот на ОХИС, најавуваат од Министерството за животна средина. Во меѓувреме ќе бидат обезбедени сите одобренија и дозволи за работа на терен и ќе треба да се одобри Планот за ремедијација. Во првите шест до девет месеци, според проценките на Министерствто ќе може да се отстрани дел од депонијата или околу 700 тони на почва контаминирана со HCH, како и чист HCH отпад.

Чистењето ќе го врши грчката компанија „Полиеко“, која беше избрана на меѓународен тендер. Деконтаминацијата на историскиот отпад од ОХИС, но само од малата депонија, се спроведува во рамките на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и γ-HCH (линдан) во ОХИС“, одобрен од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и имплементиран преку UNIDO. „Полиеко“ ќе има обврска за чистење на линданот и третман надвор од државата.

„Компанијата ‘Полиеко’ веќе го достави Планот за ремедијација кој е разгледан од страна на меѓународна консултанска компанија ангажирана од УНИДО и од службите на Министерството за животна средина. Доставени се и коментари и забелешки, а во меѓувреме, компанијата го ревидираше Планот за ремедијација согласно тие забелешки и по трикратна ревизија истиот е доставен до Министерството. По добивањето на согласност и дозволите согласно Базелската Конвенција за транспорт на опасен отпад, ‘Полиеко’ ќе може да започне со подготвителните активности на терен потребни за безбедното чистење на линданот“, информираат од Министерството.

Со чистењето на малата депонија на линдан, проблемот со загадувањето во кругот на ОХИС ќе се намали, но нема целосно да биде решен. Ќе останат и големата депонија, но и уште две потенцијални жаришта, едното во дворот, а другот надвор од фабриката. Од министерството велат дека една од клучните цели на проектот е обезбедување одржливост на целата операција на чистење до конечна елиминација на HCH отпадот во ОХИС. Заради тоа активно работат на нови можности и преговори за обезбедување на дополнителни средства, со кои ќе се продолжи со процесот на деконтаминација на останатиот HCH контаминиран материјал во кругот на ОХИС.

„Формиран е посебен мулти- партнер Фонд за животна средина, кој ќе биде администриран од UNOPS, и кој е наменет за чистење на останатата контаминација во ОХИС. Веќе се обезбедени дополнителни средства од Норвешката Влада и предвидени се средсвта од ИПА 3 програмата, со што ќе се овозможува континуитет во чистењето на депониите со HCH во кругот на ОХИС. Проценетите финансиски средства согласно Физибилити студијата за комплетно чистење на линданот од двете депонии е 50 милиони евра, посочуваат од Министерството.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ