Утрински Весник
Македонија

Заев повторно се кандидира за претседател на СДСМ

(Видео) Заев: Со Законот за употреба на јазиците никој не загуби ништо

Актуелниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, се кандидира за уште еден мандат на чело на партијата. Тој вети нова програма, а изборите ќе се одржат на 21 март.

„Денеска ја доставив мојата кандидатура за претседател на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија. Пред членовите на партијата излегувам сo Програма: Нова политика – СДСМ прв во промените! Ја барам поддршка за нов мандат како претседател, на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март“, напиша тој на „Фејсбук“.

Заев најави досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја.

„Доколку ја добијам довербата, со мојот нов мандат, најавувам досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ. Нова политика – Пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на #СДСМ и Република Северна Македонија“, напиша тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

За првпат државата го проби рокот за исплата од „МојДДВ“, дел од скенирачите на сметки останаа без пари

Сообраќајно недоразбирање завршило со убодна рана во Тетово

Поради обилни врнежи од дожд повторно надојде Калковска Река, сообраќајот е пренасочен