Утрински Весник
Свет

Меркел најави дигитални сертификати за вакцинација во ЕУ

Меркел: Дипломатија, а не санкции во односите со Турција

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа и покрај пандемијата, најверојатно ќе бидат достапни пред летото.

„Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација“, рече Меркел на прес-конференција по самитот на ЕУ, што се одржува преку Интернет, пренесува „Ројтерс“.

Германската канцеларка додаде дека на Европската комисија ќе ѝ требаат околу три месеци за да развие техничка основа за вакви документи.

Грција на крајот на јануари почна да издава дигитален сертификат за вакцинација против коронавирусот. Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, тогаш изјави дека сертификатот ќе служи за потврда на законската вакцинација, но и за лична употреба на граѓаните и уште еднаш го повтори својот предлог до Европската Унија за единствен сертификат во согласност со европските стандарди.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран ја проширува забраната за шетање кучиња во дваесетина градови

Од продажба во САД повлечени 20 милиони јајца откако 21 лице се зарази со салмонела

Букурешт уништен од страотно невреме – ветрот корнеше дрвја, дождот направи реки од улиците (ФОТО/ВИДЕО)