Утрински Весник
Македонија

Мијалков го подигна решението за домашен притвор

Мијалков го подигна решението за домашен притвор

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека обвинетиот Сашо Мијалков во попладневните часови се јави во Обвинителството и притоа му е врачено решение за определена мерка куќен притвор.

Пред два дена како резултат на оперативни сознанија, кои укажуваа на можност од бегство, по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24-часовен видео и аудионадзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јанкоски од ЛДП: Македонија има потреба од демографска обнова, не од празни ветувања – 10 конкретни мерки за иднината на младите и семејствата!

Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција

Шасивари се сретна со новиот турски амбасадор Алпер Акташ: Продлабочување на соработката во областа на правдата