Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев: Новата Акцелераторска лабораторија ќе отвори можности за партнерства на иновативни развојни проекти

(Видео) Заев: Новата Акцелераторска лабораторија ќе отвори можности за партнерства на иновативни развојни проекти
300x250 (7)

Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарине Сахакјан, денеска свечено го означи почетокот на работата на првата Акцелераторска лабораторија на УНДП во земјата.

Новата Акцелераторската лабораторија ќе отвори можности за партнерства на иновативни развојни проекти и за учење од најуспешните развојни практики ширум светот, рече премиерот Заев во своето обраќање пред многубројната интернационална публика.

300x250 (7)

„ Како премиер сакам да потенцирам дека ова е исклучителна можност за целата бизнис заедница, за сите микро и макро чинители да ги искористат потенцијалите и искуствата од Акцелераторската лабораторија на УНДП за трансформативна промена. Истовремено ги повикувам заедно да работиме на дизајнирање на стратешки документи од лабораторијата кои потоа сите засегнати страни ќе ги преточат во јасна и децидна имплементација за економско рестартирање на економските двигатели по пост-ковид периодот и за остварување на 17-те меѓусебно поврзани и амбициозни цели за развој од Агендата 2030“, истакна премиерот Заев.

Владата и нејзините институции, додаде тој, се сериозно посветени на меѓународниот дијалог и на користење на домашни, но и странски експерти во градењето на сите 5 економски пакети преку кои креативно го стимулираме економскиот потенцијал и притискаме за дополнителен креативен инпут во надминувањето на последиците од пандемијата со КОВИД-19.

Премиерот Зоран Заев пред почетокот на состанокот имаше и билатерална средба преку интернет конференциска врска со Администраторот на УНДП во Вашингтон, САД – Ахим Штајнер на кој се разговараше за политиките на Владата за развивањето на Националната развојна стратегија за следните 20 години преку своите институции како што е Фондот за иновации и технолошки развој, којашто е сериозно посветена на овие цели, како и на креирање на инвестициски фонд со кој сериозно ќе се подобрат моделите на финансирање на микро и старт-ап бизнисите.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби