Денес во Полска стапија на сила новите регулативи поврзани со коронавирусот со кои се укинува мерката карантин за луѓето кои влегуваат во земјата и кои имаат потврда дека биле имунизирани против коронавирусот со вакцина одобрена од Европската Унија, пишува АП.
Агенцијата наведува дека децата од предучилишна возраст, децата од основно училиште и лицата кои се грижат за нив, како и научни истражувачи кои студираат во Полска или во соседните земји, исто така се изземени од задолжителниот десетдневен карантин, пренесува „Танјуг“.
Одлуката на владата дозволи и посети на бањи, но со задолжителен негативен тест за коронавирус, не постар од шест дена од моментот на пристигнување, пишува АП.