Утрински Весник
Македонија

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“: Министерот Нуредини и МЖСПП со различни ставови за иднината на Водно

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“: Министерот Нуредини и МЖСПП со различни ставови за иднината на Водно
300x250 (7)

Од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно” го повикуваат министерот за живoтна средина и просторно планирање Насер Нуредини да ги објасни, како што велат, сите изјави дека Министерството има изготвен став, пред највените меѓуинституционални средби за иднината на Водно.

„Вчера се одржа привиот, се надеваме не и последен технички состанок во МЖСПП врзан за процесот за носење нова заштита за Водно- како заштитен предел. Како се одвивал- не знаеме, кој бил повикан, кој дошол-не знаеме, но знаеме дека не присуствувале сите кои сметаме дека се засегнати“, велат од граѓанската иницијатива.

Ss1

Од таму потсетуваат дека се расправа за нацрт-одлука, а не за имплементирање на веќе донесена Одлука и уште помалку за План на управување.

„Во медиумите продолжува ставот на МЖСПП – институциите ќе треба да најдат начин како да ги вметнат забелешките на невладините. Ќе се бара решение за да може Водно да добие планови за управување со поплави и ерозии. Само недела дена пред тоа пак, инистерот даде изјава ако има и други размислувања дека треба да се направи нов Закон за Водно, тогаш ќе размислуваме и за тоа”. Јасно беше кажано дека одлуката не е конечна и дека ќе се ислушаат и други релевантни институции“, информираат од Граѓанската иницијатива.

Додаваат дека забелешки имаат и релевантни институции и експерти.



Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Николовски: Не смееме да дозволиме да им ја одземеме европската иднина на младите

Филипче: Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај