Утрински Весник
Свет

Клуге: Во борбата против пандемијата нема место за национализам

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Генералниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, изјави дека нема место за национализам во борбата против пандемијата на коронавирусот.

„Кохерентноста во акција е неопходна, кохерентната политика е неопходна“, изјави Клуге.

Тој рече дека мора да се обезбеди еднаква дистрибуција на вакцините што е можно поскоро, и додаде дека сега се важни моралот и прагматизмот на Стариот Континент.

Зборувајќи за моменталната состојба, Клуге рече дека има позитивни вести, а тоа е дека во изминатите пет недели бројот на новоинфицирани лица со коронавирус во сите 53 земји за кои тој беше надлежен падна за 28%.

Исто така, додаде дека, во изминатите три недели смртноста е намалена за 22 проценти.

Клуге потенцираше дека по една година се покажало дека во експанзијата на Ковид-19 не се важни границите, туку социјалното, културното и економското вмрежување во регионот .

Тој рече дека владите се обидуваат да добијат поголеми количини вакцини, и затоа тие се избрани, но дека тие мора да дејствуваат прагматично.

„Никој не е безбеден сè додека сите не бидат безбедни“, предупреди Клуге.

Според него, сега е важно да се забрза вакцинацијата со веќе доставени вакцини.

Тој додава дека е потребно зголемување на производствените капацитети, а олеснувањето на мерките мора да се преземе многу внимателно.

Тој исто така верува дека во сегашната ситуација, многу е важно да ги прошириме можностите за идентификување на нови видови, за да можеме навремено да реагираме.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија уапси лекари поради смртта на девет бебиња во породилиште

Трамп покажал среден прст на работник за време на обиколка во Мичиген

Данскиот министер за надворешни во посета на Белата куќа