Утрински Весник
Свет

Американската држава Вирџинија ја укина смртната казна

Американската држава Вирџинија ја укина смртната казна
300x250 (7)

Собранието на американската сојузна држава Вирџинија го потврди законот со кој се укинува смртната казна на нејзината територија, што ја прави прва држава од југoт и 23-та во САД што ја укинува најстрогата казна, а куриозитет е што е земјата со најмногу извршени смртни казни во САД, објави „Ен-би-си“.

Гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортам најави дека ќе го потпише штотуку потврдениот закон, што е предуслов тој да стапи на сила.

300x250 (7)

„Со укинување на смртната казна, Вирџинија никогаш повеќе нема да ризикува да убие невино лице и треба да се водиме од правдата, а не од желбата за одмазда“, рече делегатот на Собранието Мајк Малин, кој предложи да се донесе законот.

„Ен-би-си“ наведува дека укинувањето на смртната казна ја имало поддршката на демократите, од чии редови доаѓа гувернерот Нортем, кој неодамна се избори за мнозинство во дводомното собрание на Вирџинија.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Апелациски суд: Тужбата на младите против американската Влада за климатските промени треба да се отфрли

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената