Утрински Весник
Свет

Лукашенко најави белоруска вакцина до есен

Лукашенко најави белоруска вакцина до есен

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, рече дека до есен земјата ќе има своја вакцина против коронавирусот.

„Веќе има три регистрирани вакцини и сè е уште во развој. И ние одиме на овој начин. Вакцината ќе ја добиеме до есен, имаме експерти“, рече Лукашенко на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува РИА Новости.

Лукашенко додаде дека Белорусија сега активно купува вакцини од Руската Федерација.

Белорусија беше првата странска земја што официјално го регистрираше „спутник В“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Масовни протести во Франција, запален и еден полицаец

Пукање во Калифорнија, едно лица загинато, шест повредени

Трамп: Глупави луѓе инсистираат на нови санкции против Русија