Утрински Весник
Свет

Во Словенија опаѓа бројот на заболени и инфицирани од коронавирус

Прва жртва од коронавирусот во Словенија по речиси два месеци

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени само 247 инфекции од коронавирус.

Со осум смртни случаи од Ковид-19, и со такви трендови, полицискиот час може да биде укинат следната недела, со постепено враќање на болниците во редовните програми, потврди владата на Словенија .

Во меѓувреме, Министерството за здравство им препорачува на болниците и натаму треба да продолжат да „резервираат“ 10 проценти од достапните болнички кревети за пациенти од коронавирус.

Според ова министерството, во Словенија во моментов има 11.032 активни случаи со коронавирус, двојно помалку од пред неколку недели.

Сè уште не се вакцинирани сите најранливи категории, информираат надлежните.

Носењето маски, одржувањето на растојание од два метра и дезинфекцијата на рацете се задолжителни во продавниците.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Седум лица загинаа во сообраќајка во Унгарија

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните два месеци

Трамп ги откажа планираните воени напади против Иран поради напредок во преговорите