Утрински Весник
Свет

САД воведоа визни ограничувања за 43 Белоруси

САД воведоа визни ограничувања за 43 Белоруси

САД забранија влегување на 43 белоруски службеници во земјата затоа што, како што беше најавено во Вашингтон, ја поткопуваат демократијата во Белорусија.

Визните ограничувања се однесуваат на високи судски службеници и владини службеници, пренесува „Ројтерс“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во изјавата рече дека САД се загрижени поради континуираниот насилен притисок (на владата на претседателот Александар Лукашенко) врз мирољубивите демонстранти, активисти за демократија и новинари“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам

Двајца повредени при експлозија во близина на железничка станица во Аугсбург

Јапонската премиерка најави забрзано воведување на вештачката интелигенција и дронови во одбраната