НАСА соопшти дека нејзиното летало „Персеверенс“ успешно слета на кратерот Марс именуван по босанскиот град Језеро. Најголемиот и најнапреден ровер некогаш испратен од НАСА, слета на Марс по седуммесечно патување од Земјата во должина од 470 милиони километри.
Hello, world. My first look at my forever home. #CountdownToMars pic.twitter.com/dkM9jE9I6X
— NASA’s Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) February 18, 2021
Ги испрати и првите фотографии до контролата на НАСА на кои се гледа површината на Марс.Намерата е да донесе карпи од Марс кои би можеле да одговорат дали некогаш постоел живот на таа планета.
НАСА соопшти дека роверот на црвената планета ќе собира примероци и ќе ги донесе на Земјата за 10 години, кога ќе бидат анализирани во потрага по древни облици на живот на Марс.
Слетувањето на роверот беше најризичниот дел на операцијата со оглед дека влегол во атмосферата со брзина од дури 19.500 километри на час, која требаше да ја намали падобран и ракетна платформа.
Роверот слета на локација за која се смета дека пред 3,5 милијарди години имало езеро кое било со ширина од 50 километри.
Ова е историски ден за 1.000 жители на босанскиот град Језеро, чие име Меѓународната астрономска унија во 2007 година му го даде на кратерот широк 49 километри. Роверот со големина на автомобил е деветтото вселенско летало кое успешно слета на Марс.