Утрински Весник
Магазин

Фудбалкската икона Пеле изгубил трага за тоа колку деца има

Фудбалкската икона Пеле изгубил трага за тоа колку деца има

Пеле бил татко на толку многу деца, што не бил свесен дека некои од нив дури и постојат.

80-годишната фудбалска икона беше во брак три пати, но признава дека имал афери, и дека во еден момент од животот изгубил трага за сопствените деца.

„Искрено, имав неколку афери, од кои некои резултираа со деца, но дознав за нив подоцна,“ рече Пеле.

Спортската легенда има пет деца – Кели (54) Едињо (50), Џенифер (42) и близнаците Џошуа и Селест( 24) – од неговите први два брака, како и повеќе деца од различни афери.

Сепак, во новиот документарец на „Нетфликс“ насловен „Пеле“, фудбалската sвезда инсистира на тоа дека бил искрен со своите жени и девојки за своите афери.

“Мојата прва сопруга, прва девојка, знаеше за тоа. Никогаш не лажев,“ рече тој.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дали навистина постои разлика помеѓу фактор 30 и фактор 50?

Ставете го ова растение на тераса и комарците ќе бегаат

Овие лица не смеат да јадат лубеница: Еве зошто може да биде погубна за здравјето