Утрински Весник
Македонија

За заштитениот предел на Водно ќе има дополнителни консултации со релевантни институции

За заштитениот предел на Водно ќе има дополнителни консултации со релевантни институции

Не постојат двојби за тековниот процес за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категорија V, потенцираат од министерството за животна средина и просторно планирање.

Од таму информираат дека во делот на забелешките кои се однесуваат на други аспекти на заштита ќе започне дополнителна консултација и координација на техничко ниво со други релевантни државни институции согласно нивните надлежности, вклучително и Град Скопје како предлагач на иницијативата, заради обезбедување на интегрирана заштита на подрачјето.

Фокусот на консултациите како што известуваат од ова министерство, ќе биде заземање на ставови во однос на дел на забелешките на управувањето со предложениот заштитен предел Водно.
За прашања поврзани со: Планот за управување со поплави и заштита од ерозии и порои, планот за одгледување и заштита на шуми, со урбанизацијата, со просторниот план и слично.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владиниот авион најчесто летал за Будимпешта – Николовски меѓу најчестите патници

Стотици кичевци без дом, сместени во спортска сала

Воена вежба со маневарска муниција утре на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро