Утрински Весник
Свет

(Видео) Запалени контејнери, оган и насилство на улиците на Шпанија

(Видео) Запалени контејнери, оган и насилство на улиците на Шпанија

Шпанската полиција се судри со демонстрантите во Барселона и Мадрид кои излегоа на улиците по апсењето на раперот Пабло Хасел. Полицијата испукала солзавец и гумени куршуми во Мадрид, пренесува Ројтерс.

Според АФП, Хасел бил приведен откако ја навредил полицијата на шпанската монархија на социјалната мрежа Твитер. Тој беше уапсен на 16 февруари. Протестите на централниот плоштад во Мадрид првично беа мирни, а демонстрантите извикуваа „Нема повеќе полициско насилство“ и „Слобода за Пабло Хасел“.

epa09020415 Protesters push garbage bins during riots to condemn the imprisonment of Spanish rapper Pau Rivadulla Duro A.K.A ‘Pablo Hasel’, in Barcelona, Spain, 17 February 2021. Hasel was given a nine-month-prison sentence late January after the Supreme Court found him guilty of incitement to terrorism and offense against the dignity of the Spanish Crown and State institutions on his lyrics. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Сепак, полицијата интервенираше откако неколку демонстранти започнаа да фрлаат стаклени шишиња и камења. Некои демонстранти реагираа со палење контејнери и градење барикади на улиците.

Сè започна со оваа изјава: „Никогаш нема да се покоруваме и покрај репресијата“, што го изговори раперот Пабло Хасел, со подигната тупаница додека беше одведен од полицијата. Пред тоа, тој се забарикадира со десетици приврзаници на Универзитетот Леида во Каталонија во обид да го спречи апсењето, што предизвикува полемики во Шпанија.

Полицијата еден по еден ги извлече раперот и неговите приврзаници од универзитетот. Раперот требаше да се пријави во затвор до петокот вечерта и да започне да издржува деветмесечна казна за твитови во кои ги нарече шпанските безбедносни сили „платеници“ обвинувајќи ги за тортура и убиство, а исто така ја нападна и монархијата.

epa09020416 A fireman puts out a fire at a garbage container during a protest to condemn the imprisonment of Spanish rapper Pau Rivadulla Duro A.K.A ‘Pablo Hasel’, in Barcelona, Spain, 17 February 2021. Hasel was given a nine-month-prison sentence late January after the Supreme Court found him guilty of incitement to terrorism and offense against the dignity of the Spanish Crown and State institutions on his lyrics. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

„Тие треба да дојдат и да ме земат, а тоа исто така ќе послужи да ја покаже земјата во нејзиното вистинско светло на лажна демократија“, рече тој за АФП во петокот.

Во последните неколку недели во Мадрид и Барселона се одржаа неколку протести за поддршка на раперот, а повеќе од 200 фигури од круговите на шпанската култура, вклучително режисерот Педро Алмодовар и актерот Хавиер Бардем, изразија поддршка во петицијата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари