Утрински Весник
Свет

Бајден: Кина ќе ја плати цената поради кршење на човековите права

Бајден: Русија е клучна закана за САД

Одговарајќи на прашање за односот на Кина кон муслиманските малцинства, американскиот претседател Џо Бајден рече дека „Кина ќе ја плати цената за кршењето на човековите права“.

„Ќе има последици за Кина и тој го знае тоа“, рече Бајден, мислејќи на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Според Бајден, Соединетите Aмерикански Држави ќе ја преземат глобалната улога во областа на човековите права и додаде дека ќе соработуваат со меѓународната заедница, така што, Кина како што рече, ќе ги почитува и нив.

„Кина работи напорно да стане светски лидер и за да го добие тој статус може да ја добие довербата од другите земји“, рече Бајден, додавајќи дека Кина не може да го постигне тоа се додека е вклучена во активности спротивни на човечките права.

Претседателот на САД изрази загриженост и за проблематичните практики во трговијата и за состојбата со човековите права во Кина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Киднапирани кучиња за откуп од Швајцарија пронајдени во Полска

Трамп повторно го повика Гренланд да стане дел од САД

Зеленски: Траен и праведен мир е можен со лидерство на САД и соработка со Европа