Утрински Весник
Свет

Во БиХ потврдени четири нови случаи на британскиoт вид коронавирус

Во БиХ потврдени четири нови случаи на британскиoт вид коронавирус

Шефот на лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина во Сараево, Теуфик Голетиќ, изјави дека во лабораторијата биле секвенционирани 10 примероци од луѓе, од кои кај четири е идентификуван британскиот вид.

Голетиќ истакна дека три од четирите примероци  биле земени од жители на БиХ, а не како што беше случајот минатиот пат од странски државјани.

Тој вели дека два примерока се од областа на Зеница, а еден  од областа на Сараево.

„За жал, ова во секој случај сугерира дека она што го очекувавме е можно, а тоа е дека британскиот вид веќе кружи и дека е реално да се очекува наскоро да биде еден од подоминантните соеви што ги имаме во земјата“, рече Голетиќ.

Тој посочи дека во блиска иднина може да се очекува влошување на ситуацијата кога станува збор за заразата со Ковид-19.

Досега се потврдени вкупно пет случаи, земајќи го предвид првиот случај на британскиот вид коронавирус пронајден кај странски државјанин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хакиран данскиот централен регистар, изложени податоците на 8,8 милиони лица

Расте бројот содржини на Интернет со сексуална злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември