Утрински Весник
Македонија

Иницијатива за конгрес: 17-от Вонреден Конгрес на партијата ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Иницијатива за конгрес: 17-от Вонреден Конгрес на партијата ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Членовите на Иницијативата за вонреден втор конгрес на ВМРО-ДПМНЕ велат дека 17-от Вонреден Конгрес на партијата ќе биде конгрес на обединување и нов почеток. 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на соочување со грешките и пропустите и нивно надминување. 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на кој ќе донесе нова енергија и верба дека партијата знае и умее да победува.

„ Нездрава политичка атмосфера е кога сопартијците кои го избрале за прв човек, претседателот ги нарекува „слуги“, а ликови како Сафет Бишевац кои го навредуваа членството на ВМРО-ДПМНЕ дека немало мозок, ги поставува на кандидатски листи за пратеници.

Нездрава политичка атмосфера е кога сопартијците кои го избрале за прв човек, претседателот ги навредува дека некој им бил стопан, а од друга страна за кандидат за Претседател на држава предлага кадри кои биле министри во владите на СДСМ.

Нездрава политичка атмосфера е кога сопартијците кои го избрале за прв човек, претседателот ги нарекува „криминалци“, а ликови како Воислав Зафировски кои немаат ниту „В“ од ВМРО ги фаворизира во партиските структури, иако истите барале максимални казни за осудените од 27 април.

Нездрава политичка атмосфера е кога на сопартијците кои го избрале за прв човек, претседателот им се заканува и ги колне, а од друга страна бара поддршка од антинато структури како Јанко Бачев и Солза Грчева.

Нездравата политичка атмосфера овие три години резултираше со губење на 150 000 гласови и неколку изборни порази во континуитет. Слабо ВМРО-ДПМНЕ значи и слаба Македонија.

Затоа се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не смее да калкулира. Треба да дојде и да се појави пред делегатите во Скопје, да даде отчет за сработеното и да ја побара нивната поддршка доколку смета дека ја заслужил. Личните интереси не смеат да бидат пред државните и партиските. 17 Вонреден Конгрес во Скопје на 28 Март му е неопходен и на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија“ се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување