Утрински Весник
Магазин

Кит Харингтон и Роуз Лесли станаа родители

нас

 

Ѕвездите на „Игра на тронови“ – кои се сретнаа на снимањето на фантастичната драма на ХБО каде ги глумеа Игрит и Џон Сноу – станаа родители за првпат, објавија таблоидите, додавајќи дека тие биле забележани во Лондон во вторникот со новороденче.

Кит и Роуз потврдија дека добија момче откако беа фотографирани на семејна прошетка со бебето. „Ние сме многу, многу среќни“, порачаа тие.

Роуз (34) ја потврди својата бременост во септември кога го покажа својот стомак во професионални фотографии снимени за насловна страница во списанието „Мејк“.

Кит и Роуз започнаа врска во 2012 година, но една година подоцна се разделија. Три години подоцна тие беа повторно заедно, а се венчаа во 2018 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Глобалниот форум за дизајн ќе ги собере врвните меѓународни дизајнери во Истанбул

„Евровизија“ меѓу политиката и мега-спектаклот: Кои се фаворитите за победа?

Дневен хороскоп за 11 мај 2026 година