Утрински Весник
Свет

Бајден – Шји: Интензивирање на конфликтот би довело до катастрофа на двете нации

Бајден – Шји: Интензивирање на конфликтот би довело до катастрофа на двете нации

Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Шји Џјинпинг го одржаа првиот телефонски разговор. Во разговорот, Бајден потенцира дека приоритет за неговата земја е отворениот и слободен регион на Индо-Пацификот, додека кинескиот лидер истакна дека засилувањето на конфликтот ќе доведе до катастрофа за двата народи.

„Американскиот претседател му ја пренесе на кинескиот лидер својата загриженост за кршењето на човековите права во Пекинг, Хонг Конг, Ксинџијанг и кинеската политика кон Тајван“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Во соопштението стои дека претседателот на Кина му соопштил на Бајден дека понатамошна конфронтација ќе доведе до катастрофа и дека двете страни треба да воспостават механизми за надминување на сите недоразбирања.

Ова беше прв официјален телефонски разговор меѓу двајцата претседатели откако кинескиот лидер разговараше со поранешниот претседател Доналд Трамп во март минатата година. Оттогаш односите меѓу двете земји достигнаа најниско ниво во последните неколку децении, а Трамп директно ја обвини Кина за КОВИД- 19 пандемија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници