Утрински Весник
Македонија

Притвор за скопјанец кој во Сарај подметнал пожар во автомобил „голф 5“

Притвор за скопјанец кој во Сарај подметнал пожар во автомобил „голф 5“

Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против едно лице поради сомневање дека сторил кривично дело – тешки дела против општата сигурност.

На 10 февруари, во раните утрински часови, осомничениот 45-годишник со пожар предизвикал значителна опасност по животот или телото на луѓето.

Тој зел пластичен балон и од бензинска пумпа во Ѓорче Петров наточил бензин, па преку мостот се упатил кон Сарај, каде бил паркиран автомобил „голф 5“, сопственост на оштетениот.

Кога дошол до паркираното возило, истурил дел од бензинот врз возилото и пластичната туба ја ставил под возилото кај совозачката врата.

Потоа облекол црни волнени ракавици, ја натопил едната ракавица во бензинот, со запалка ја запалил волнената ракавица и ја фрлил кон бензинот што истекувал.

На тој начин тој предизвикал пожар кој се распламтил и го зафатил целиот автомобил. Притоа возилото во целост изгорело и со тоа за оштетениот настапила голема имотна штета во вредност од 365.000 денари.

По предлог на јавен обвинител за осомничениот е определен притвор во траење од 30 дена.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег