Утрински Весник
Свет

Принцот Чарлс ја прими првата доза вакцина против коронавирус

Принцот Чарлс ја прими првата доза вакцина против коронавирус

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила ја примија првата доза вакцина против коронавирус, објавено е денеска во неговата резиденција.

Портпаролот на принцот Чарлс, сепак, не кажа која вакцина ја примила двојката.

Принцот Чарлс (72) и Камила (73) им се придружија на Британците кои ја добија првата доза на Астразенека/Оксфорд или Фајзер/Бионтек.

Принцот Чарлс и неговиот постар син Вилијам имаа полесна форма на болеста Ковид-19 на почетокот на првиот бран на пандемијата, пролетта 2020 година.

Кралицата Елизабета Втора (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99) беа вакцинирани на почетокот на јануари.

Во Велика Британија, каде што починаа 114 .000 луѓе од Ковид-19, 12,6 милиони луѓе ја примија првата доза на вакцината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ИЕА договори ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите

Австриската влада потроши 5,8 милиони евра за рекламирање во првата половина од годината

Над пет милиони луѓе во Италија живеат во апсолутна сиромаштија