Утрински Весник
Свет

(Видео) Камион падна од надвозник висок 20 метри, возачот преживеа

(Видео) Камион падна од надвозник висок 20 метри, возачот преживеа

Возач на камион од Висконсин за чудо преживеа пад од висина од 20 метри.

Снимките од камерата на Одделот за транспорт на Висконсин во саботата наутро покажуваат црвен камион како паѓа од надвозник во Милвоки, откако возачот изгубил контрола над возилото. Откако камионот паднал на земја, двајца други возачи скокнале да му помогнат на човекот. Тој сè уште бил свесен и не изгледал дека е сериозно повреден.

Пожарникарите во Милвоки го пренеле човекот во болница, а засега не се знае точно со какви повреди се здобил, пишува „Њујорк пост“.

Локалните власти соопштија дека работат на што е можно побрзо отстранување на снегот од тротоарот за да се избегнат слични несреќи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Врховната рада го избра Сергиј Корецки за нов премиер на Украина

Северна Кореја и Кина најавија продлабочување на соработката поради глобалните тензии

Пентагон воведува тестирање за тестостерон како дел од годишните здравствени прегледи