Утрински Весник
Свет

Бугарија ја продолжи вонредната состојба до крајот на април

Бугарија ја продолжи вонредната состојба до крајот на април
Dik 300x250 mk

Во Бугарија, вонредната епидемиолошка состојба е продолжена до крајот на април поради ширењето на заразата со коронавирус.

Во изминатите 24 часа се потврдени 1.111 нови случаи на коронавирус, а од почетокот на пандемијата се потврдени вкупно 224.849 случаи на зараза, покажуваат податоците на бугарското Министерство за здравство.

Во текот на изминатиот ден починаа 89 пациенти заболени од коронавирус, а вкупно 9.420 лица починаа од почетокот на пандемијата, пренесува агенцијата ТАСС.

На болничко лекување има 3.057 пациенти, од кои 274 се на одделите за интензивна нега.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште