Утрински Весник
Магазин

Критичарите и фановите го поздравија документарецот за Бритни Спирс

Критичарите и фановите го поздравија документарецот за Бритни Спирс

Критичарите и  фановите го поздравија новиот документарен филм Framing Britney Spears кој се емитуваше во САД.

Во продукција на „Њујорк тајмс“, филмот го бележи патот кон славата на поп ѕвездата и контроверзите околу нејзината благосостојба.

Таткото на Бритни, Џејми Спирс, е нејзин траен старател односно конзерватор веќе 12 години, поради загриженост за нејзиното ментално здравје. Конзерватор е термин што се користи во САД за ваков вид трајно старателство.

„Документарецот додава на критичкиот разговор што го водиме за жените, агенцијата и траумата“, напиша Патриша Грисафи од „Ен-би-си“.

Во ноември Бритни ја загуби судската битка да ја отстрани контролата на татко ѝ над својот имот. Таа се залагаше за укинување на трајното старателство – целосна котрола врз нејзиниот живот – по нејзиниот нервен слом во 2007 година.

Бритни Спирс бараше нејзиниот татко да биде заменет како личност која ги контролира нејзините деловни и лични работи, што е голема промена по 12-годишното старателство определено од судот.

Правната битка се водеше во позадината на движењето #FreeBritney, предводено од фанови кои веруваат дека Бритни е контролирана против нејзината волја.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пет работи што ментално здравите луѓе не ги прават

Мали промени во вашата рутина што ќе ви помогнат да ослабете

Три необични техники кои брзо ќе ве ослободат од стрес