Утрински Весник
Македонија

Казнети 182 возачи во Скопје, од кои 35 за брзо возење

Казнети 182 возачи во Скопје, од кои 35 за брзо возење

Полицијата вчера казни 182 возачи во Скопје, од кои 35 за брзо возење, а 11 возеле без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 182 казни, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11 санкции, 35 мерки за непочитување на брзина на движење, 18 за користење на мобилен телефон.

Изречени се седум казни за возење под дејство на алкохол, осум за некористење на сигурносен појас, шест за возач почетник и 29 санкции за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива

Кавадарчанец возел пијан и со забрана, во автомобилот имал и дрога

Му ветувале работа во странство, тетовец измамен за 2000 евра