Утрински Весник
Економија

Започнува исплатата за „МојДДВ“ за последнoто тромесечје од 2020 година

Поголем број дневни награди од по 1.000 денари за скенирање сметки

Управата за јавни приходи известува дека е започнат процесот на исплата на паричните средства од МојДДВ за последното тримесечје од 2020 година, согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.

На граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, ќе им се исплати дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.

Во последното тримесечје од 2020 година скенирани се 67 272 456 фискални сметки, вкупниот промет е 33.398.562.346,00 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари односно околу 6,1 милиони евра.

Проектот МоЈДДВ,  Управата за јавни приходи го започна на 1 јули 2019 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен