Утрински Весник
Свет

Напад со нож пред болница во Шкотска, убиени три лица

Напад со нож пред болница во Шкотска, убиени три лица

Три лица се убиени во напад во болница во Килмарнок во Шкотска и напад со нож во близина на болницата, соопшти полицијата.

Како што наведе полицијата, 39-годишна жена, медицинска сестра вработена во болницата, починала на паркингот на Универзитетската болница, откако била најдена со тешка повреда. Таа починала и покрај лекарска интервенција на самото место.

По само 20 минути, друга жена на 24 годишна возраст, била избодена со нож во градот Аиршир и била итно пренесена во болница со возило на брзата помош, каде подоцна починала.

Медиумите пренесуваат дека се работи за мајка и ќерка Ема Робертсон Коупленд (39) и Никол Андерсон (24). Полицијата се уште не го потврдила нивниот идентитет.

Подоцна 40-годишен маж загинал, откако со автомобил удрил во надвозник. Полицијата верува дека трите случаи се поврзани, но дека не се работи за тероризам.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија