Утрински Весник
Македонија

Бугарската национална телевизија ќе се емитува во Македонија, а МРТ во Бугарија

Владата со законски измени сака да го реши спорот меѓу кабелските оператори и телевизиите

Специјалниот владин претставник за Бугарија, Владо Бучковски за телевизија Телма потврдил дека е договорено од март сателитскиот канал на Бугарската национална телевизија – БНТ 4, освен преку операторот А1, да се реемитува и на „Макс ТВ“ на Македонски Телеком, во кој државата има свој удел. Истовремено, сателитскиот канал на Македонската телевизија да се реемитува на бугарските телевизиски оператори.

Исто така, се чека и завршување и на процедурата околу документацијата за три приватни бугарски телевизии да можат да се реемитуваат во Македонија, а до крајот на февруари истото ќе се направи и со три до четири приватни македонски телевизии за реемитување во Бугарија.

Од денеска новинската агенција МИА има и свој дописник од Софија, новинарот Николај Крастев, а на името на дописникот на Бугарската телеграфска агенција од Македонија сè уште се чека.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Претставата на Драмски театар „Мачкина глава“ ќе го отвори јубилејниот, 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Уставен суд поведе постапка за нееднаков третман при добивање на еднократна парична помош за новороденчиња 

Повеќе разбирање и поддршка за жените: здравствените работници се обучуваат за перименопауза