Утрински Весник
Свет

Американски сенатори предложија закон за санкции против Русија во врска со Навални

Американски сенатори предложија закон за санкции против Русија во врска со Навални

Двопартиска група американски сенатори го претставија нацрт-законот на американскиот Конгрес за санкции против Русија поради ситуацијата со рускиот опозиционер Алексеј Навални, објави прес-службата на сенаторот Марко Рубио, републиканец од Флорида, пренесува ТАСС.

Како што забележа прес-службата, Законот за повикување на одговорност на Русија за малигни активности од 2021 година беше повторно воведен од американските сенатори Марко Рубио и Крис Кунс (демократ од Делавер) на кои им се придружија Бен Кардин (демократ од Мериленд), Мит Ромни (републиканец од Јута), Крис Ван-Холен (демократ од Мериленд) и Дик Дурбин (демократ од Илиноис).

„Овој предлог-закон ќе воведе насочени санкции против руски официјални лица-соучесници во дрското кршење на меѓународното право, вклучително и труење и затворање на опозицискиот лидер и активист за борба против корупцијата, Алексиј Навални“, се вели во соопштението.

Освен тоа, оваа иницијатива, ако биде одобрена, ѝ наложува на американската администрација да утврди дали Кремљ ги прекршил законите на САД за забрана на употребата на хемиско и биолошко оружје. Предлог-законот исто така бара извештај за убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов.

Прес-службата повтори дека минатиот септември пратениците претставиле сличен нацрт-закон пред Конгресот на САД. Според базата на податоци на Конгресот, на 24 септември иницијативата била упатена до релевантен комитет на Сенатот, но нема информации за какви било понатамошни активности во врска со документот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет