Утрински Весник
Економија

Недостигот на чипови ќе влијае на глобалното производство на автомобили

Недостигот на чипови ќе влијае на глобалното производство на автомобили

Недостигот на чипови за автомобили би можело да влијае на производството на 672.000 лесни возила во светот во првото тромесечје, а проблемите би можеле да се провлечат и во третото тромесечје, проценува консултантската компанија ИХС Маркит.

Американскиот „Форд Мотор“, јапонскиот „Тојота Мотор“ и „Нисан Мотор“ и италијанско-американскиот „Фиат Крајслер Аутомобајлс“ го намалија производството поради недостиг на чипови, а гермнаскиот „Фолксваген“ извести дека ограничувањата во снабдувањето ќе влијаат на производството во некои погони во февруари.

„ Бидејќи причината за овие ограничувања е резултат на зголемената побарувачка од ОЕМ (главните производители) и ограничената понуда на полупроводници, ова нема да се реши сè додека тие не се избалансираат“, рече високиот главен аналитичар на АДАС, за производство на полупроводници и компоненти, Фил Амсруд.

Недостатокот најсилно ќе ја погоди Кина во првиот квартал, што ќе влијае на производството на скоро 250.000 автомобили, според проценката на ИХС (IHS).

АутоФоркаст Солушнс (AutoForecast Solutions), која ги следи плановите за производство, процени дека проблемите со набавките на полупроводници може да влијаат на производството на 964.000 возила во 2021 година.

Во вторникот, група од 15 американски сенатори ја повикаа Белата куќа да работи со Конгресот за решавање на глобалниот недостиг на полупроводници, забележува Ројтерс.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Левица: Владата на Мицкоски го подготвува теренот за враќање на „Иловица – Штука”

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички

Мицкоски: Оваа влада за 2 години успеа да го покачи номиналниот БДП за 140 милиони долари повеќе, отколку СДСМ за 6 години