Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Извештајот на „Економист“ нотира пофалби за успешно спроведени избори во време на пандемија

На изборите регистрирани 31.466 неважечки ливчиња

 

Индексот на демократија на „Економист“ нотира пофалби за Република Северна Македонија како успешен пример поради начинот на кој беа организирани и спроведени изборите, што е значаен успех имајќи ги предвид специфичните околности и предизвици за организирање успешен изборен процес во време на пандемија и здравствена криза, велат од СДСМ.

„Две години по ред државата бележеше напредок на Индексот откако претходно 10 години по ред вртоглаво паѓаше, а за 2020 се воочени благи негативни моменти кои се должат на две причини, односно поради рестрикциите кои секако беа неопходни во време на пандемија и здравствена криза, како и поради недостиг на напредок во политичката култура, што главно се должи на лажни вести, на политички радикализам, самовластие и неказнивост за кои што има и јавно познати виновници. Работата на државните институции во време на пандемија, но и однесувањето на опозицијата и нивните кадри во преодната влада, однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се исто така дел од Индексот на демократија на „Економист““, се наведува во соопштението.

Од СДСМ велат дека се свежи сеќавањата како се однесувале членовите на преодната Влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како се однесувале Наќе Чулев и Христијан Мицкоски во однос на прекршување на бројните мерки и задолженија, како и нивна неказнивост.

„По подолг период, во 2018 и 2019 година, рангирањето на Северна Македонија на Индексот на демократија на „Економист“ беше подобрено, откако минавме 10 години во стагнација и пад, кога бевме квалификувани како „хибриден режим“. За потсетување, најдобиот резултат на нашата држава беше забележан во 2006 година, пред да се инсталира режимот кога резултатот беше 6.33 индексни поени“, велат од СДСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт