Утрински Весник
Свет

„Астра зенека“ е првата вакцина што пристигнува на Косово во текот на февруари

„Астра зенека“ е првата вакцина што пристигнува на Косово во текот на февруари

Првиот контингент вакцини против коронавирус од програмата „Ковакс“ на компанијата „Астра зенека“, произведени од Универзитетот „Оксфорд“ во Велика Британија, ќе пристигне на Косово во текот на февруари, потврди за Радио Слободна Европа (РСЕ) Исме Хумоли од Светската здравствена организација (СЗО) на Косово.

„Донацијата е за 20 отсто од населението, што е некаде околу 360.000 дози за граѓаните на Косово. Преговараме со ’Астра зенека’ и ’Фајзер’. Тоа се два производители со кои разговараме за дистрибуција на вакцини на Косово, но за првиот контингентот се очекува да биде од ’Астра зенека’”, рече Хумоли.

„Ковакс“ е програма на СЗО која има за цел да достави вакцини во посиромашните земји.

Европската агенција за лекови ја одобри вакцината на АстраЗенека на 29 јануари 2021 година за лица над 18 години.

Според Агенцијата, вакцината била тестирана на лица на возраст меѓу 18 и 55 години.

Германската комисија за вакцини не препорачува имунизација на постарите лица над 65 години со вакцината на АстраЗенека.

Хумоли забележува дека ефективноста на таа вакцина е повеќе од 90 проценти и се дава двапати.

„Би-би-си“ објави дека најновата студија, која ја спроведе Универзитетот „Оксфорд“  и која сè уште не е објавена, покажала дека ефективноста на вакцината на „Астра зенека“ е 76 проценти по приемот на првата доза и дека се очекува лицето да биде заштитено од коронавирус по ревакцинацијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков