Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Меркел: Србија вакцинира побрзо од Германија со кинеската вакцина

(Видео) Меркел: Србија вакцинира побрзо од Германија со кинеската вакцина
Img 7972

Германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за јавниот сервис АРД, кое беше посветено на вакцинирање против вирусот корона, ја спомена Србија.

На изјавата на новинарот дека Србија вакцинира побрзо од Германија и дали е проблемот ако земјите надвор од ЕУ се побрзи, Меркел одговори дека е точно дека Србија вакцинира побрзо. Канцеларката додала и дека Србија вакцинира со кинеската вакцина.

„ Србија вакцинира побрзо, со кинеската вакцина. Отсекогаш сме велеле дека секоја вакцина што е лиценцирана од Европската агенција за лекови (ЕМА) е добредојдена. Разговарав со рускиот претседател за тоа и денес слушнав добри вести за руската вакцина. Секоја вакцина е добредојдена во ЕУ, но ќе бидат прифатени само оние што ги даваат сите потребни податоци на ЕМА“, рече Меркел.

Таа изјави дека е склона да ја користи руската вакцина против Ковид-19 во Европа по позитивните научни резултати за нејзината ефикасност, а ја отвори вратата и за кинеската вакцина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне