Утрински Весник
Свет

Саломо: Британската варијанта на коронавирус сочинува 20 проценти од инфекциите во Париз

Саломо: Британската варијанта на коронавирус сочинува 20 проценти од инфекциите во Париз

Многу заразната варијанта на коронавирусот, која за прв пат беше откриена во Велика Британија, сега сочинува до 20 проценти од инфекциите во поширокиот регион на Париз, изјави шефот на медицинскиот одбор на болничките групи АП-ХП во Париз, Реми Саломо.

„Имаме првични резултати во регионот на Париз и тие не се добри“, изјави Саломо за Радио Франсанфо, објави „Ројтерс“.

Бевме на шест до седум проценти на 7 јануари за да достигнеме 15 до 20 проценти минатата недела.

Саломо рече дека се потребни построги мерки за да се запре пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драстичен скок на цените на нафтата по најновите напади на САД и одговорот на Иран

Руски дрон влегол на молдавска територија, паднал и експлодирал

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите