Утрински Весник
Свет

Бројот на вакцинирани во САД поголем од бројот на заразени

Бројот на вакцинирани во САД поголем од бројот на заразени

Бројот на Американци вакцинирани против коронавирус го надминува вкупниот број на заразени во САД, според Блумберг.

Како што пишува агенцијата, 26,5 милиони луѓе во САД примиле една или две дози на вакцина. Истовремено, се забележува дека регистрирани се 26,2 милиони случаи на заразени со Ковид-19, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Во Соединетите држави во просек се вакцинираат 1,35 милиони луѓе дневно, повеќе од која било друга земја во светот.

Засега во САД починале околу 443.000 луѓе од компликации предизвикани од коронавирус. Земјата е на прво место во светот според смртноста и бројот на заразени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вакцинација против мали сипаници во Бангладеш – причина за смрт на 100 лица

Доналд Трамп го одби предлогот за примирје со Иран

Иран подготвува одговор на предлог договорот – актуелниот „во никој случај не е прифатлив“