Утрински Весник
Свет

Тацгерн: Расте притисокот на миграцијата на балканската рута

Тацгерн: Расте притисокот на миграцијата на балканската рута

Шефот на институцијата за борба против трговија со луѓе во австриската криминална служба, Гералд Тацгерн, предупредува дека расте притисокот на миграцијата на балканската рута.

Во врска со неодамнешното спречување на илегалниот влез на поголем број мигранти во Австрија, откако припадници на армијата откриле 40 мигранти во еден камион, Тацгерн рече дека станува збор за кривично дело трговија со луѓе.

Тој рече дека за овој период од годината е регистриран необичен број мигранти, во споредба со минатогодишните бројки.

Околу 100.000 луѓе, од кои повеќето се млади мажи, се обидуваат да стигнат до „златниот запад“ преку балканската рута, рече Тацгерн.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Воена вежба на НАТО на балтичкиот брег на Германија

Во близина на Капитол уапсено вооружено момче

Во Велика Британија месечно се приведуваат илјада педофили