Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

ВАР го уништи Саутемптон – Астон Вила победи на „Сент Мери“

ВАР го уништи Саутемптон – Астон Вила победи на „Сент Мери“
Img 7972

Астон Вила минимално го порази Саутемптон на „Сент Мери“ стадионот, во последниот меч од саботната програма во Премиер лигата. Победникот го реши голот на Рос Баркли во 41.минута.

Саутемптон сигурно ќе имаат многу поплаки на сметка на ВАР, во деветтата минута не добија пенал отако Мети Кеш играше со рака пред својот гол, а во 94.минута му беше поништен голот на Дани Ингс.

Астон Вила со оваа победа ги прескокна Челси и Арсенал на табелата и сега се наоѓа на осмото место со 32 бода, додека Саутемптон имаат три бода помалку на 11.позиција.

> ВАР го уништи Саутемптон – Астон Вила победи на „Сент Мери“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН