Утрински Весник
Свет

Лажна бомба испратена во британска фабрика за вакцини која произведува 300 милиони дози годишно

Лажна бомба испратена во британска фабрика за вакцини која произведува 300 милиони дози годишно

Еден човек е уапсен откако испратил сомнителен пакет до фабрика за вакцини во велшкиот град Врексхем.

Ентони Колинс (53) од Чатам Хил во Чатам е приведен во Кент, објави Би-би-си.

Полицијата во Кент соопшти дека тој е обвинет за испраќање лажна бомба, а фабриката е евакуирана и полициска единица пристигнала на местото на настанот.

Полицијата додаде дека станува збор за лажна направа, а од фабриката велат дека узбуната не го прекинала производство на вакцината од „Астразенека“.

Фабриката има капацитет да произведува околу 300 милиони дози годишно, а Колинс ќе се појави на суд на 26 февруари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шефот на чешката разузнавачка служба: Русија би можела да го тестира НАТО со напад врз Балтикот

Над 30 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан

Русија со драматично предупредување: Напуштете го Киев веднаш!