Утрински Весник
Спорт

Ел Шарави се врати во Рома

Ел Шарави се врати во Рома

Потенцијалниот репрезентативец на Италија, Стефан Ел Шарави, се врати во Рома. Ел Шарави, претходните 18 месеци играше во првенството на Кина, за екипата на Шангај Шенхуа.

Донесен како големо засилување, Ел Шарави не успеа да се наметне во екипата на Шангај, на 19 натпревари постигна само четири гола.

Пред да замине во Кина, Ел Шарави, три и пол години го носеше дресот на Рома. На 139 натпревари постигна 40 голови и се стекна со статус репрезентативец на Италија.

Во Серија А, има одиграно три натпревари за Џенова и 101 натпревар за Милан.

> Ел Шарави се врати во Рома <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

ФИФА го избра американски судија Елфат за полуфиналето Англија – Аргентина

Масовен пречек на норвешките фудбалери во Осло

Франција или Шпанија – кој прв ќе стигне до финалето на Светското првенство