Утрински Весник
Магазин

Џорџ Клуни ќе продуцира нова ТВ-серија за Бак Роџерс

Џорџ Клуни ќе продуцира нова ТВ-серија за Бак Роџерс

Откако првпат по децении се појави на малите екрани со Catch-22 во 2019 година, Џорџ Клуни сака да го воскресне популарниот стрип-јунак Бак Роџерс во нова серија.

Клуни (59) се вклучува во новата научнофантастична серија за Бак Роџерс како извршен продуцент преку неговата компанија Smokehouse Pictures.

Иако сè уште нема потпишано договор за да глуми во новиот проект, тој најверојатно ќе биде дел од актерскиот тим, објави „Холивуд репортер“.

„Леџендари“ го развива проектот, опишан како „престижна лимитиарна серија“ со надеж дека може да биде филм доколку биде успешна.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Што да јадете кога сте мамурни? Храна што го олеснува опоравувањето

Состојка која го чисти шпоретот за миг

Над 80 отсто од животните-скитници во Турција се згрижени